Познати сите полуфинални двојки во НБА лигата: Повеќе од возбудливи битки за финале!

Мемфис во Минеаполис победи против Минесота со 104-114 и на крај славеше со 4-2 во четвртфиналната серија, по што познати се сите осум тима кои ќе бидат дел од конференциските полуфиналиња во НБА лигата.

Ниту една серија во првиот круг не заврши со изненадување. Ниту во една серија не се играше мајсторка, а само една заврши со „метла“. Бруклин против Бостон единствени не успеаја да остварат барем една победа.

На Истокот, првиот носител Мајами ја исфрли Атланта, а на Западот, пак, Голден стејт со 4-1 ги елиминираше Денвер и Никола Јокиќ.

ИСТОК – ПОЛУФИНАЛЕ

МАЈАМИ (1) – ФИЛАДЕЛФИЈА (4) – првиот натпревар се игра во вторник во 1:30 часот по македонско време

БОСТОН (2) – МИЛВОКИ (3) – првиот натпревар е утре од 19 часот

ЗАПАД – ПОЛУФИНАЛЕ

ФЕНИКС (1) – ДАЛАС (4) – првиот натпревар е во вторник од 4 часот

МЕМФИС (2) – ГОЛДЕН СТЕЈТ (3) – првиот натпревар е утре од 21:30 часот

Се вчитува...