Познати термините за 2. коло во ЛШ: Динамо Загреб и Шкупи ќе играат од 21 часот

Познати се термините и почетокот на натпреварите во 2. квалификациско коло во Лигата на шампионите помеѓу Динамо Загреб и Шкупи.

Првиот меч ќе се игра во Загреб во вторник, 19. јули во 21 часот на „Максимир“. Реваншот ќе биде исто така во вторник на 26. јули во 21 часот на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје.

За Динамо ова ќе биде второ гостување во Скопје во квалификации за Лигата на шампионите. Првиот пат беше во 2016 година кога играше против Вардар на чија клупа тогаш седеше сегашниот тренер на Шкупи, Гоце Седлоски. Првиот меч се играше во Скопје и Динамо го доби со 1-2. На гости Вардар беше блиску до сензација, и водеше 1-2, но на крајот загрепчани направија пресврт за 3-2 и пласман во следната фаза.

Се вчитува...