Познати учесниците во саботната вечер на „Ол-стар“ во Кливленд

НБА лигата ги објави учесниците во саботната вечер на „Ол-стар“ викендот кој годинава на програмата е од 18. до 20. февруари.

Во натпреварот во забивање ќе се соочат Кол Ентони од Орландо, Хуан Тоскано-Андерсон од Голден Стејт Вориорс, Оби Топин од Њујорк и Џејлен Грин од Хјустон.

Во натпреварот во тројки ќе го нема минатогодишниот шампион и најдобриот шутер во историјата Стеф Кари, а ќе настапат: Дезмонд Бејн од Мемфис, Лук Кенард од ЛА Клиперс, Зак Лавин од Чикаго, СЏ Мекалум од Њу Орлеанс, Пети Милс од Бруклин, Карл Ентони Таунс од Минесота, Фред Ванвлит од Торонто и Тре Јанг од Атланта.

Скил челинџот годинава ќе биде изменет и ќе се состои од три тима. Првиот тим ќе биде составен од играчи од домаќинот на „Ол-старот“, Кливленд Кавалирс, а ќе го сочинуваат Џерет Ален, Дариус Гарланд и Иван Мобли. Вториот тим ќе биде сочинет од браќата Антетокумпо (Јанис, Алекс и Танасис), додека третиот ќе бидат „новајлиите“ во лигата Скоти Барнс, Чеди Канингем и Џош Гиди.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NBA (@nba)

Се вчитува...