Познато е каде ќе живее Кристијано Роналдо по заминување во пензија

Англиските медиуми веќе почнаа да пишуваат каде Кристијано Роналдо ќе живее, откако ќе ја заврши својата блескава кариера. Според престижниот „Мирор“, португалската ѕвезда веќе има план каде ќе живее кога ќе ги „закачи копачките на клин“.

Станува збор за луксузна вила вредна дури 30 милиони евра која Роналдо ја изградил на крајбрежјето во Португалија. Имотот се наоѓа на околу 48 километри од Лисабон, во тивка и приватна средина, далеку од градската бучава.

Според англиските медиуми, работите на вилата се целосно завршени, а објектот е подготвен за вселување штом Роналдо одлучи да ја заврши својата кариера. Многумина биле изненадени од глетката, а причината за ова не е локацијата, туку нивото на луксуз што го нуди оваа вила.

Раскошната архитектура, современиот дизајн и погледот на брегот ги оставија без здив дури и оние навикнати на луксузниот животен стил на Роналдо. 

Се вчитува...