Познато колку ќе може Њукасл да потроши во следниот трансфер рок

Премиерлигашот Њукасл е купен од Саудискиот јавен инвестициски фонд, со што стана клуб со сопственици кои имаат најголема вредност во Европа. Веќе почна да се шпекулира за имиња кои ќе дојдат во Њукасл, но и за тренери кои би можеле да го заменат Стив Брус.

Сепак, поради правилата со финансискиот фер-плеј тие нема да можат уште одма да потрошат голема сума на пари за засилувања. Во следниот преоден рок Њукасл ќе може да потроши 230 милиони евра, бидејќи поранешниот сопственик се погрижи клубот во претходните три години да биде во плус од 30 милиони евра, плус уште 50 милиони со вложување во младинските категории.

Се очекува Њукасл во следните три години да влезе во борбата за титула, а како имиња кои се споменуваат дека би приманел во клубот од „Сент Џејмс парк“ се Лука Модриќ, Хари Кејн, Османа Дембеле, Кејлор Навас, Филипе Кутињо…

Се вчитува...