Полицискиот командир, кој бил надлежен за безбедноста на стадионот за време на полуфиналето од ФА Купот меѓу Ливерпул и Хотингам Форест на кое се случи страотната трагедија и загинаа 96 навивачи на Ливепул е ослободен од вина. Поротата го прогласи Дејвид Дакенфилд за невин за обвинението за убиство од небрежност и со тоа беа урнати надежите на семејствата на жртвите дека ќе добијат некаква правда за предвреме загубените животи на нивните блиски.
Семејствата на жртвите повеќе од 30 години водеа правна битка да дојдат до докази и аргументи за да биде покренато обвинене. Сепак ваквата одлука во судот го враќа на првичната позиција кога по несреќата беше заклучено дека нема вина кај надлежните за организацијата и за безбедноста.
Ова судење беше последна надеж за семејствата на жртвите. Дел од нив скршени по објавата на пресудата му се обратија на судот во солзи барајќи објаснување за тоа како е можно да биде донесена ваква одлука.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА