Пред 15 години Лео Меси дебитираше за Барселона, останатото е историја (ВИДЕО)

На 16. октомври во 2004 година, првите минути за сениорскиот состав на Барселона ги одигра Лео Меси. Тој доби шанса како замена за Деко на натпреварот против Еспањол во 82. минута. Тогаш Меси имаше 17 години, три месеци и 22 дена и стана најмладиот кој одиграл натпревар за првиот тим на Барселона.

Во изминативе 15 години, Меси стана икона на светскиот фудбал, симбол на најпопуларната игра и дефинитивно еден од најдобрите во историјата. Аргентинецот остана константно верен на Барселона. Со клубот освои 10 титули во Ла Лига, четири трофеи во Лигата на шампионите, 6 титули во Копа Дел Реј и уште три пехари во европскиот Супер Куп, осум трофеи во шпанскиот Супер Куп, три пехари на светското клупско првенство. Шест пати е освојувач на наградата фудбалер на годината според ФИФА.

Во овие 15 години најголем ривал и конкурент во трката за најдобар во светот за Меси е Кристијано Роналдо. Ривалитетот е еден од најголемите во спортската историја.

 

 

 

Се вчитува...