„Пред да умрам, сакам уште еднаш да го видам Роналдо во дресот на Спортинг Лисабон!“

Со доаѓањето на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед, португалскиот ас го донесе и неговиот син во академијата на клубот. Токму на таа тема, мајката на Роналдо, Долорес Авеиро, смета дека Кристијано Јуниор е многу подобар на овие години за разлика од неговиот татко.

Таа поенцираше дека ужива да го гледа својот син како настапува за Манчестер Јунајтед, но сака пред да умре пак да го види како тој игра за матичниот клуб.

„Роналдо мора да се врати во Спортинг, а доколку јас одлучував, тој веќе ќе беше таму. Веќе му кажав дека пред да умрам, сакам уште еднаш да го видам во дресот на Спортинг. Па ајде да видиме дали ќе го исполни тоа, но доколку тоа не се случи, тоа ќе го направи Кристијанињо. На неговите години, тој игра подобро од неговиот татко. На негови години тој немаше тренер, но сега и самиот Кристијано му е тренер. Јуниор веќе знае да каже, тато, кога ќе се вратиме во Лисабон, сакам да играм за Спортинг“, тврди Долорес Авеиро.

Роналдо има двогодишен договор со „ѓаволите“ од Манчестер, па дури по неговото завршување би можел да ја исполни желбата на својата мајка.

 

 

Се вчитува...