Пред девет години Кецман го замолкна Загреб (ВИДЕО)

На денешен ден пред девет години, Душан Кецман ја постигна легендарната тројка во последната секунда на мечот со Цибона, во финалето на АБА лигата. Кошаркарот на Партизан со неверојатната тројка од својата половина на 0,6 секунди до крајот на мечот донесе победа за својот тим од 75-74.

Навивачите во арената во Загреб почнаа да ја слават победата, откако Бојан Богдановиќ на 0,6 секунди до крајот на мечот погоди тројка за 74-72, но тогаш на сцената се појави Душан Кецман, а се останато е историја.

Се вчитува...