„Пред еден тренинг земав вијагра наместо витамини – Бев најбрз и имав три нозе“

Поранешниот фудбалер на Вест Хем и на Челси, Карлтон Кол, раскажа анегдота од периодот кога беше англиски репрезентативец. Пред еден тренинг на селекцијата на гордиот Албион му била подметната вијагра, наместо витамини. Тренингот бил навистина „луд“.

„Наместо витамини, испив вијагра, тоа е вистина. Се ми подметна Џермејн Дефо. Но, можете да замислите. Бев најбрз на тој тренинг, а имав и три нозе“, раскажа Карлтон Кол.

Џермејн Дефо се смеел заедно со останатите соиграчи.

„Штом му кажавме дека испи погрешно апче, неговиот израз на лицето беше непроценлив, а ние многу се смеевме. Му реков – пријателе, ќе мораш да се бориш со ова во наредните неколку часа“, се потсети Џермеј Дефо на случката од англискиот национален тим.

 

Се вчитува...