Пред неколку дена ја заврши кариерата, а сега доби понуда од Манчестер сити

Аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро мораше да ја заврши кариерата поради здравствени проблеми, откако минатото лето потпиша за Барселона и требаше да биде големо засилување за каталонскиот гигант.

Агуеро за време на мечот против Алавес имаше проблеми со дишењето поради што беше испратен во болница, а деталните прегледи покажаа дека има проблеми со срцето.

Аргентинецот во моментов се наоѓа во Буенос Аирес, каде што одмара во друштво на семејството, а во меѓувреме Манчестер сити го контактирал поранешниот напаѓач и му понудил амбасадорска улога која најверојатно ќе биде прифатена.

Поранешниот напаѓач во Сити помина дури 10 сезони и стана еден од најдобрите стрелци во историјата на клубот.

 

 

 

Се вчитува...