На натперварот од Премиерлигата помеѓу Манчестер Јунајтед и Евертон одигран во понеделник, се случи ретко видена ситуација. Имено, играчите на Евертон, Идриса Геје и Мајкл Кин, прво вербално се судрија, а потоа Геје го удрил Кин. Сенегалецот доби црвен картон за ова, а Евертон и покрај ова победи со 1:0.
Клубот брзо ја смири ситуацијата по судирот меѓу двајцата соиграчи, а менаџерот Дејвид Мојес изјави дека е среќен што ги гледа своите играчи како се караат. Сега Евертон сподели фотографија од Кин и Геје како се прегрнуваат на социјалните мрежи од тренинг, со натпис „само љубов“, што сугерира дека нема зла крв меѓу двајцата. Меѓутоа еден детал на фотографијата паѓа во очи, а тоа се боксерските ракавици на Геје.
All love.💙 pic.twitter.com/A9jljqm4Ia
— Everton (@Everton) November 27, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

