Предалеку е елитата, време е за промени (Фотогалерија)

Нов бараж и ново големо разочарување. Не поради тоа што не беше приредена сензација против ривал што реално важеше за огромен фаворит, туку пред се поради фактот дека од година во година гледаме како женскиот национален тим тапка во место, без да се направи ниту чекор напред во обидот за приближување до елитата.

Да не се заборави, за една година Македонија ќе биде дел од европското првенство, како домаќин во својата група во Скопје, со ривали слични на нивото на Романија. А доколку не се реагира и нешто од корен не се промени, ќе следат нови вакви фијаска како денешното во СЦ „Јане Сандански“. Нешто што никој не го посакува.

Се вчитува...