Ливерпил доживеа елиминација од ПСЖ во осминафиналето од Лигата на Шампионите. „Црвените“ имаа предност од 1-0 по дуелот одигран во Париз, но не успеаја да ја задржат истата и на „Енфилд“, па беа поразени по изведување на пенали.
Поразот не е единствената причина за загриженост кај навивачите на Ливерпул бидејќи нивниот капитен, Вирџил ван Дајк по натпреварот беше „уловен“ од камерите како разговара со претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи и спортскиот директор Луис Кампос.
Договорот на искусниот 33-годишен Холанѓанец со Ливерпул завршува на крајот на сезоната, а засега не се започнати конкретни преговори за продолжување на соработката која трае од 2018 година па многумина овој разговор го протолкуваа како потенцијален преговор за трансфер.
PSG leaders Nasser al-Khelaïfi & Luis Campos seen after full-time having a conversation with @LFC captain Virgil Van Dijk.
pic.twitter.com/rEqNGybRct— LFC Transfer Room (@LFCTransferRoom) March 11, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА