„Префектната“ Шведска ја прегази Црна Гора

Во петиот натпревар од Квалификациите за Европското првенство селекцијата на Шведска забележа убедлива победа од 22-34 над репрезентацијата на Црна Гора со што ја потврди фаворитската улога во групата „8“.

Швеѓаните беа поквалитетен противник уште од самиот старт, првото полувреме го добија со 15-19, а скандинавската селекција продолжи со добрата игра и во вториот дел од натпреварот во кој од минута од минута дополнително го зголемуваше водството за на крајот да стигне до двоцифрена победа.

Предводник на Црногорците со 6 гола беше Шеваљевиќ, додека него го следеа Грбовиќ со 4 гола и Вујовиќ со 3 погодоци. Кај Швеѓаните 11 гола постигна Ване, додека со по пет гола натпреварот го завршија Петерсон и Лагерген.

Се вчитува...