Преговорите завршија, Елмас добива сериозна конкуренција во Наполи

Тангуј Ндомбеле наскоро ќе биде сериозна конкуренција за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во Наполи откако Тотенхем и италијанскиот клуб успеаја да ги договорат условите за трансфер кој прво ќе се состои од позајмица, а потоа и можност за откупување на договорот вреден 30 милиони евра.

Дваесетипетгодишниот Французин ги договори и личните услови со Наполи па наскоро заминува за Италија каде во четврток ќе ги одработи медицинските прегледи пред официјално да биде промовиран во новиот дрес.

Македонскиот репрезентативец ова лето беше поврзуван со заминување од Неапол, како следна дестинација се споменуваше Милан, но преговорите не вродија плод па сега ќе мора да се бори за своето место во почетните единаесетмина.

Се вчитува...