Прекин во „Јане Сандански“: Судиите бараат „Фемили Аеродром“ да ги напушти трибините (ФОТО)

На пет минути пред крајот, при водство на МЗТ Скопје Аеродром против Сутјеска со 73-63, привремено е прекинат натпреварот од АБА 2 лигата што се игра во СЦ „Јане Сандански“. Судиите бараат навивачката група „Фемили Аеродром“ да ја напушти трибината, поради фрлање на тврди предмети на теренот. По неколку предупредувања, судиите побараа да биде испразнет тој дел од салата или барем да се качат фановите неколку реда погоре на трибините за да се создадат непречени услови за игра на паркетот.

Се вчитува...