Прекин во Њукасл: Навивач колабираше на трибина, судијата го прекина натпреварот

Денешниот меч со Тотенхем требаше да биде празник за навивачите на Њукасл, кои еуфорично го дочекаа доаѓањето на новите сопственици на клубот.

За жал, не само што нивните миленици губат на теренот со 1-2, туку дојде до немили сцени на трибините откако еден навивач колабираше и мораше итно да му биде укажана лекарска помош.

Состојбата е крајно сериозна, па судијата донесе одлука пред самиот крај на полувремето да го прекине мечот, а дополнително ќе биде одлучено дали тој ќе биде доигран денеска.

Се вчитува...