Прекинот на сезоната во Франција бил бирократска грешка на владата

Франција е една од неколкуте европски држави во која нема да има прoдолжувања на прекинатата фудбалска сезона поrади кризата со коронавирусот. Пари Сен Жермeн е шампион, останатите позиции се распределени, а најголем губитник од ваквата ситуација се чини е Лион кој остана без пласман во Европа.

Затоа клубот и неговата управа иницираат отворање на проблемот на расчистување на дилемите. Случајот стигна и до претседателот на УЕФА, Александер Чеферин кој испрати писмо во кое ги дообјаснува позициите на Асоцијацијата.

Владата на Франција забрани спортски настани во државата до 30. август и со тоа автоматски стана јасно дека не може да има сезона. Од владата објаснуваат дека кога ја носеле одлуката за супензија главен критериум им бил терминот кој го одреди УЕФА за завршување на првенствата, 3. август. Бидејќи процениле дека тоа нема да биде можно, решиле да прогласат крај.

Сепак сега Чеферин дообјаснува дека термините што ги зададе УЕФА не се фиксни и оти главен приоритет е комплетирањето на националните првенства, па дури и ако треба да бидат играни во текот на цел август. Министерката за спорт на Франција, Роксана Марасино, се правдаше дека кога ја носела одлуката пред себе како можност го имале само датумот 3.август.

Се вчитува...