Прекрасен гест на Болоња – му го обновува договорот на Михајловиќ до 2024 година

Синиша Михајловиќ на вчерашната прес-конференција изјави дека повторно му е дијагностицирана леукемија па и покрај успешната борба со оваа болест, повторно ќе мора да оди на терапија. Српскиот стратег се соочи со оваа болест летото 2019 година, но по хемотерапиите и трансплатнацијата на коскена срж неговата ситуација се подобри.

Михајловиќ ќе пропушти дел од натпреварите на Болоња во иднина, но тоа не го спречи раководството на италијанскиот клуб да му понуди нов договор со важност до 2024 година, објавија медиумите на „чизмата“.

Прекрасниот гест на италијанскиот клуб наиде на многу позитивни реакции во спортската јавност.

Се вчитува...