Преку 20 лица загинаа на ултрамаратон во Кина (ВИДЕО)

Преку дваесет лица го загубија својот живот на 100 километарскиот ултрамаратон кој се одржа во кинеската провинција Гансу. Натпреварувачите кога стигнале до 30 километар од трката во местото Камена гора ги зафатило бура проследена со дожд, град и силен ветер.

Дури 172 натпреварувачи се изгубиле, а трката веднаш била прекината. Организаторите реагирале, но спасувачките служби не успеале да ги спасат сите натпреварувачи. Според медиумите во Кина досега се пронајдени 152 спортисти, од кои дури 20 починати и осум повредени.

 

Се вчитува...