Преку игра и забава до билет за мечот со Лихтенштајн… За прослава и на „25 години македонски репрезентативен фудбал“!

Фудбалската федерација на Македонија пред престојниот трет натпревар од Лигата на нации, против Лихтенштајн кој го играме на 13. октомври од 20:45 часот на националната арена „Филип Втори“ во Скопје, се одлучи да отвори две фан-зони на кои и низ игра и забава македонските навивачи ќе може да набават билети по симболични цени.

Сите оние кои сакаат да ја следат македонската репрезентација ќе можат и да пробаат дел од ‘дриблинг вештините’ со Климент и Петар, а од Анастазија да купат билет за натпреварот Македонија – Лихтенштајн на посебен пулт поставен на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

Исто така, со цел да оствари директен контакт со што поголем број љубители на фудбалот, да ја афирмира фудбаслата игра, и да мотивира што поголем број на деца и млади да ја почувствуваат магијата на фудбалот, ФФМ постави промотивен корнер и во Skopje City Mall пред Плеј Кафе!

„Купи билет, шутирај, одмори се…. #АјдеНаСтадион #СегаЕНашеВреме“ е мото под кое се најавуват престојниот дуел со Лихтенштајн а на кој ќе бидат одбележани и 25 години од првиот репрезентативен натпревар на Македонија, поздравувајќи ја генерацијата која во 1993 година го одигра мечот со Словенија во Крањ.

Цената на билетите изнесува 100 денари за Јужната трибина и 150 денари за Северната трибина од Националната арена „Филип Втори“. Билети можете да купите и преку продажната мрежа на МКТикетс.

Се вчитува...