Премиер лига: Арсенал со „минималец“, Конте се одбрани на „Гудисон“ (ВИДЕО)

Во трите натпревари во Премеирлигата одиграни од 15 часот, беа постигнати вкупно три гола.

Најмногу беа постигнати на дуелот Лидс – Лестер кој заврши без победник 1:1. Рафиња го донесе во водство тимот на Лидс, а Барнс израмни во 28. минута, и тоа беше се што се однесува до регуларните голови. Лестер постигна еден гол во вториот дел, кој беше поништен поради офсајд.

Евертон и Тотенхем одиграа без голови на „Гудисон“. Евертон беше поблиску до победата со оглед дека имаше повеќе удари гон голот на Тотенхем, наспроти тимот на Конте кој не упати ниту еден удар.

Арсенал со голот на Смит Роу успеа да го добие мечот со Ватфорд минимално 1:0. Резултатот можеше да биде поубедлив, со оглед дека Обамејанг утна пенал во 36. минута, а им беше поништен и гол на „топџиите“ поради офсајд.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...