ПРЕМИЕР-ЛИГА: Евертон потопен во финишот од Ватфорд, Њукасл само до бод (ВИДЕО)

Евертон се очекуваше лесно да го мине тимот на Ватфорд, но не само што не успеа, туку на крајот беше и убедливо поразен. А, избраниците на Рафа Бенитез дури имаа и водство од 2:1, кое го прокоцкаа за само две минути, за потоа Ватфорд со уште еден гол, на крајот да слави убедлив триумф на „Гудисон“.

Дејвис донесе водство за Евертон уште во 3. минута, а Кинг израмни во 13. Ричарлисон во 63. минута носи ново водство на домашните. Меѓутоа два брзи гола на Кучка и на Кинг во 78 и 80 минута за прва предност за Ватфорд, а потоа уште два гола – уште еден на Кинг и на Денис за конечни 2:5.

На Њукасл, барем засега, не му помагаат милионите. Тие губеа од Кристал Палас со 1:0, а потоа израмнија. Сепак, имаа среќа затоа што беше поништен гол на Палас во финишот од средбата. Убав гол постигна играчот на Њукасл Вилсон, кој стрелаше со „ножички“.

Лидс во последните мигови се спаси од пораз на домашен терен од Вулверхемптон. Хи-Чан донесе водство за „волците“ во 10. минута, за потоа Родриго од пенал во 93. минута да донесе бод.

Саутемптон и Барнли одиграа 2:2.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...