Англиската Премиерлига објави отворање на „Куќа на славните“ во која ќе бидат играчи со особени вештини и талент кои го збогатиле натпреварувањето од неговото воведување во 1992 година. Првите двајца фудбалери местата ќе ги добијат веќе на 19 март. Членството во „Куќата на славните“ ќе биде највисокото индивидуално признание кое ќе го добиваат играчите од Лигата.
Истовремено со објавата на првите двајца ќе биде објавена и листа од играчи за кои ќе може да се гласа за да се прилучат во „Куќата на славните“ во текот на оваа година.
„Од 1992 година Премиерлигата беше дом на играчи со светска големина кои дефинираа одредени генерации и кои овозможија неверојатен фудбал сезона по сезона“ – вели шефот на Премиерлига, Ричард Мастерс.
За да можат да бидат примени во „Куќата на славните“, фудбалерите мора да се пензионирани, а во предвид ќе бидат земени само постигнувањата од Премиерлигата.
Coming soon…. #PLHallOfFame
— Premier League (@premierleague) February 27, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА