Премиерлига: Лидерот се „лизна“ со Барнли (ВИДЕО)

Челзи пропушти голема шанса да се одлепи од првото место на табелата во Премиер лигата, откако денеска ремизираше на домашен терен со Барнли играјќи само 1:1. Се добро почна за „сините“ кои поведоа преку Хаверц во 33. минута. Меѓутоа храбриот Барнли израмни преку Видра во 79. минута. Овие два бода може многу скапо да го чини Лелзи во битката за титулата сезонава. И покрај целосната доминација на тимот на Тухел, на крајот не ги освои трите бода.

И покра јтоа, Челзи и натаму е првопласиран, со три бода пред Сити, кој исто така оствари триумф.

Во другите натпревари, Норич дојде до првата победа сезонава, совладувајќи го тимот на Бренфорд со 2:1. Норман и Пуки во првиот дел погодија, а Хенри во 60. минута само намали за домашниот тим.

Кристал Палас со головите на Заха и Галахер, го совлада тимот на Вулверхемптон со 2:0.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...