Премиер-лига: Ливерпул со пресврт го совлада Норич, Мане даде гол со ножички (ВИДЕО)

Ливерпул потешко од очекувањата на свој терен го совлада Норич. Иако резултатот на крајот беше убедлива победа за „црвените“, сепак, тие мораа да се намачат со оглед дека имаа негатива по голот на Рашица во 48. минута, иако Норич во првиот дел немаше ниту еден удар кон голот на Алисон.

Сепак, Ливерпул брзо се врати во мечот и за само три минути направи пресврт. Најпрво Мане  со ножички во 64. минута успеа да израмни, а Салах по асистенција на голманот Алисон, да донесе водство од 2-1. Во 81. минута новото засилување Луис Диаз успеа да постигне трет гол во мрежата на Норич.

Челси со многу среќа и со гол во 90. минута го совлада составот на Кристал Палас. Стрелец на голот вреден победа беше Зијеш кој го скрши отпорот дури во 90. минута од средбата.

Арсенал на свој терен со головите на Смит-Роу и Сака го совлада Брентфорд со 2-1, а Евертон доживеа шок на гостувањето кај Саутемптон и загуби со 2-0. Армстронг и Лонг беа стрелци на головите за домашниот тим.

Барнли оствари триумф на гостувањето кај Брајтон со 0-3, а Астон Вила на домашен терен загуби од Ватфорд со 0-1.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...