Премиер-лига: Скратени платите на фудбалерите, сите сакаат да се игра, но…

Членовите на Премиер-лигата одржаа состанок на кој одлучија натпреварувањето да биде завршено, но само кога за тоа ќе се створат услови.

Од Премиер-лигата појаснија дека се во постојан контакт со британската Влада и останатите служби кои работат во спречување на пандемијата. Исто така побарано е сите клубови да ја намалат платата на своите фудбалери за 30 отсто.

„Премиер лигата ќе продолжи, но само кога ќе се среди ситуацијата со пандемијата од Ковид-19. Ние сме во контакт со сите кои што се грижат за здравјето на фудбалерите, навивачите и членовите на клубот. Во моментов најважно е здравјето на луѓето“, стои во соопштението. 

Иако не се знае кога ќе биде продолжението, од Премиер-лигата веруваат дека сезоната ќе успее да биде завршена.

Се вчитува...