Премиерлигашите се здружија против Њукасл

Англиските премиерлигаши одржаа итен состанок на кои донеле одлука привремено, на еден месец да се сопрат спонзорските договори со компаниите кои се поврзуваат со сопствениците на клубовите.

Конечните резултати биле 18 гласови за, еден против (Њукасл) и еден воздржан (Манчестер Сити), што не е за зачудување со оглед дека Сити е сопственост на богатите Арапи.

Англиските клубови сметаат дека новите газди на Њукасл од Саудиска Арабија, планирале парите во клубот да ги вбризгаат преку договори со нафтени компании од таа земја. Тоа би дали предност на Њукасл во борбата на пазарот на фудбалери.

Според правилата на Англија, премиерлигашите можат во период од три години имаат загуби максимално до 105 милиони фунти.

Се вчитува...