Нема дилеми, Гвардиола е избран за најдобар тренер во Премиер-лигата

Пеп Гвардиола доби уште едно ласкаво признание во сезоната во која Манчестер Сити доминираше и ја освои англиската титула. Гвардиола неодамна ја доби и наградата за најдобар менаџер на годината доделена од Здружението на тренери. Заедно со него, дефанзивецот на Сити, Рубен Дијас е исто така прогласен за најдобар играч во елитното англиско натпреварување.

Под водство на Гвардиола, Сити постави рекорд по бројот на победи во низа минатата сезона. Помеѓу 3 јануари и 2 март 2021 година „граѓаните“ обезбедија низ од 13 победи. Тоа беше исто така клучната серија преку која Сити ја обезбеди титулата-шампион во Англија.

Заедно со Пеп, кандидати за најдобар тренер беа Марсело Биелса од Лидс, Дејвид Мојс од Вест Хем, Брендан Роџерс од Лестер и Оле Гунар Солскјер од Јунајтед.

Се вчитува...