Премиер-лигата го одложи клучниот состанок, за продолжување на сезоната ќе се решава следната недела

Клучниот состанок за продолжување на сезоната во Премиер-лигата ќе биде најрано следниот понеделник. Состанокот на кој клубовите требаше да гласаат за „Проектот Рестарт“ требаше да биде в петок бидејќи за в четврток беше предвидено премиерот Борис Џонсон да го соопшти евентуалното олабавување на мерките кои се на сила во Велика Британија за  борба со коронавирусот.

Бидејќи Џонсон ги одложил и консултациите со надлежните институции за в недела ги принуди шефовите на Премиер-лигата да го одложат и состанокот од кој има големи очекувања. Потребни се 14 гласа „за“ и сезоната ќе биде продолжена, најверојатниот датум е 12 јуни.

Иако носењето на одлуката за продолжување на сезоната е пролонгирано, сепак се очекува ова да нема влијание на предвидениот датум за враќањето на фудбалот во Англија.

 

Се вчитува...