Премиер-лигата им се закани на клубовите: Ако не сакате да играте ќе одите во понизок ранг

Премиер-лигата им се закани на клубот кои се во зоната на испаѓање сезонава дека ќе ги исфрли во понизок ранг на натпреварување дури и ако сезоната комплетно се прекине. Сето ова следи откако токму клубовите кои се борат со опстанок истакнаа дека нема да играат доколку се реализира планот остатокот од сезоната да се одигра на неутрални терени.

Норвич, Астон Вила, Бурнмаут, Брајтон, Вест Хем и Ватфорд претходно се огласија дека не сакаат да играат на неутрални терени. Нив им одговара да се прекине сезоната, затоа што така се надеваат дека никој нема да се сели во понизок ранг. Но, Премиер-лигата денеска им се закани дека секако ќе има испаѓање.

На раководството на Премиер-лигата, пак, им е неопходна поддршка од 14 клуба за продолжение на сезоната на 12. јуни со тоа што би се играло на неутрални терени ширум Англија.

Според последните информации, од понеделник (11. мај) на клубовите ќе им дозволено да се вратат на тренинзите, а истиот ден ќе има и гласање околу наведениот проект за продолжение на сезоната.

Се вчитува...