Премиер-лигата им ’забрани’ на клубовите да зборуваат за поништување на сезоната

Раководството на Премиер – лигата ги предупреди официјалните лица на англиските фудбалски клубови да не даваат изјави и клупски ставови околу начинот на продолжување на шампионатот. Тоа делува компромитирачки на имиџот на Премиер-лигата, сметаат челниците на најпопуларниот шампионат во Европа.

Во Англија се води голема дебата дали Ливерпул треба да ја добие шампионската сезона доколку сезоната не биде продолжена. Дел од клубовите се изјаснија и дека очекуваат шампионатот да биде поништен. Но, во таков случај Англија нема да има ниту свои претставници во Лигата на шампионите, а и Премиер – лигата ќе загуби огромни финансиски средства од спонзорите и од ТВ правата.

Токму од овие причини Премиер – лигата забрани да се изнесуваат ставови за поништување на шампионатот, туку само за можно „скратување“ на првенството.

Се вчитува...