Медицинскиот тим на Премиер-лигата верува дека обидот за продолжување на сезоната нема да пропадне дури и ако има позитивни на коронавирусот меѓу фудбалерите или членовите на тимовите. Сценариото за можни заразени било дискутирано меѓу лекарите на премиерлигашките клубови, а повторно ќе биде тема и на денешниот состанок на кој ќе треба да бидат прецизирани плановите за рестарт на фудбалот во Англија.
Според тврдењата на британските медиуми, клупските доктори уверувале дека е можно да се игра фудбал и ако има позитивни случаи во некој од тимовите. Стратегијата е клубот да го третира позитивниот случај како и секоја друга повреда и заболениот ќе биде надвор од целиот процес.
Најбезболна ќе биде појавата на позитивни случаи во раната фаза на тренинзите кога играчите ќе бидат групирани по пет. Во оваа ситуација клубот нема да мора да прави колективни тестови, туку само на оние играчи кои биле во групата со позитивниот фудбалер. Премиер-лигата планира тестирање двапати неделно за сите вклучени во тренинзите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА