Премиер-лигата ќе продолжи на неутрален терен

Клубовите од Премиер-лигата се согласни да дадат се од себе како би можела да биде завршена актуелната сезона, пренесуваат британските медиуми. Во текот на состанокот е договорено натпреварите да се играат на неутрални терени. Меѓу потенцијалните кандидати за домаќинство на преостанатите натпревари од Премиер-лигата, се стадионот на Вест Хем, „Етихад“ и „Емирејтс“.

Официјалните претставници на клубовите и лигата повторно ќе се сретнат следниот петок околу разгледување на останатите детали од планот за враќање на фудбалот. За потсетување поминаа скоро два месеци откако беа одиграни последните натпревари во Премиер-лигата по што беше прогласена пандемија од коронавирус, поради која беа суспендирани сите спортски настани во светот.

Се вчитува...