Премиер-лигата нема датум за продолжување на сезоната, клубовите првпат преговарале и за прекин

Премиерлигашките клубови првпат денеска ја разгледувале опцијата сезоната 2019/20 да не биде завршена. Сепак главната поента од видео-состанокот на претставниците на сите 20 клуба е дека има надеж првенството да продолжи и да биде комплетирано.

Надежта за ова е и можноста што денеска ја отвори премиерот Борис Џонсон кој најави враќање на професионалниот спорт по 1.јуни. Идејата е Премиер-лигата да почне некаде во периодот од 8 – 12 јуни. Работите се очекува да бидат појасни утре кога владата ќе ги објави насоките за враќање на елитниот спорт.

Конкретни заклучоци од денешниот состаник нема. Договорено е сепак да нема натпревари на неутрален терен и да биде направено се средбите да бидат играни дома-гости. Со ова трите последнопласирани екипи би биле практично принудени да го прифатат „Проектот Рестарт“ откако во целата ситуација се вмеша и Фудбалската асоцијација кој инсистира шампионатот да биде решен според „спортски критериуми“.

Постигнат е начелен договор за продолжување на договорите на играчите. Оние фудбалери на кои договорите им истекуваат на 30. јуни ќе можат да останат да играат во клубот до крајот од тековната сезона.

 

Се вчитува...