Премиер – лигата рестартирана, ама ВАР системот заспа: Шефилд ограбен (ВИДЕО)

Премиер – лигата го има рестартот со натпреварот меѓу Астон Вила и Шефилд Јунајтед, но се чини дека ВАР системот се уште е „на одмор“. Уште во првото полувреме се случи контроверзна ситуација, а Шефилд Јунајтед е „ограбен“ за регуларен погодок.

Домашниот голман заврши со топката зад гол-линијата, но судијата не реагираше. Мајкл Оливер покажуваше кон својот часовник, кој не регистрирал дека топката ја минала гол-линијата, а немаше ниту интервенција од ВАР собата.

Се вчитува...