Премиер-лигата суспендирана до 4. април

Премиер-лигата одлучи да го прекине натпреварувањето до 4. април поради пандемијата од коронавирус која ја зафати Европа. Синоќа беа дијагностицирани и првите случаи на Ковид-19 во англискиот фудбал, откако позитивни на тестот беа менаџерот на Арсенал Микел Артета и фудбалерот на Челси Калум Хадсон-Одои. Симптоми на Ковид-19 имаат и фудбалери на Лестер и Евертон, а исто така и Бенџамин Менди од Манчестер Сити.

Покрај Премиер-лигата суспендирани ќе бидат и натпреварите во Чемпионшип.

 

Се вчитува...