Можно ли е? Премиер-лигата ќе се доигрува во Кина!?

Очајничките обиди на премиерлигашките клубови за комплетирање на сезоната стигнаа до Кина. Последните предлози во преговорите за изнаоѓање начин првенството да има крај одат во насока натпреварите да бидат играни во Кина.

Оваа идеја ќе се слушне денеска на видео-состанокот на кој се очекува одлука околу ре-стартот на сезоната во Англија. Главниот мотив за ваквите идеи доаѓа од обидот на клубовите да не враќаат над 700 милиони фунти на носителите на ТВ правата. Сепак, идејата за играње во Кина се очекува да биде отфрлена.

На денешниот состанок се очекува и некаква одлука околу евентуалното намалување на платите на фудбалерите во премиерлигашките клубови. Дури и членови на владата на Велика Британија и градоначалници повикаа на свест кај играчите и согласност за помали плати за да можат да бидат спасени работните места за другите вработени во клубовите.

Се вчитува...