Премиер-лигата во војна со ТВ гигантите кои ги имаат правата за најскапото првенство

Премиер-лигата ги блокираше „Скај спортс“ и „БТ Спорт“ односно им забрани да поставуваат било какви прашања за продолжувањето на сезоната и за влијанието на суспензијата на шампионатот на играчите. На двете компании им е посочено дека ако не ги почитуваат овие забрани ќе им биде оневоможен пристапот до менаџерите и до фудбалерите. Клубовите се согласија да овозможат интервју со менаџерот на секои четири недели  и интервју со фудбалер на секои две недели. Ова за да им се излезе в пресрет на телевизиите кои очајно се обидуваат да имаат фудбалска содржина во време во кое фудбалот е под комплетна блокада.

Инаку, „Скај Спортс“ кој најдолго е партнер на Премиер-лигата за правење преноси од натпреварите плати 3,75 милијарди фунти за договорот од три сезони. Ова е повеќе од третина од вредноста на договорот на Премиер-лига на светско ниво. За оваа сезона „Скај“ плати 1,9 милијарди фунти. „БТ Спорт“  има помал пакет за кој плати 325 милиони фунти.

Неизвесноста околу продолжувањето на сезоната и натаму трае, а ситуацијата во Велика Британија со коронавирусот е крајно загрижувачка. Земјата има над 84.000 заболени и над 10.000 починати.

 

 

Се вчитува...