Премиер-лигата забрани емитување на натпреварите во Русија

Челниците на Премиер-лигата објавија дека повеќе нема да се пренесуваат натпреварите од најдобрата англиска лига во Русија, јавува  „Скај“. Првите луѓе на Премиер-лигата еднострано го раскинаа договорот со Рамблер (Око Спорт), а одлуката стапува на сила веднаш. Лигата исто така ќе уплати милион фунти за поддршка на украинскиот народ.

Голем број на акционери на состанокот одлучија денеска дека „заеднички став е да се осуди инвазијата на Русија во Украина“.

„Повикуваме на мир и нашите мисли се со сите кои се оштетени од оваа војна. Износот од милион фунти ќе биде уплатен на Комитетот за идтни случаи, кој хуманитарната помош ќе ја достави директно на лицата на кои им е потребна“, се наведува во соопштението.

Договорот на Премиер-лигата со „Рамблер“ беше потпишан во април 2019 година, и важеше до крајот на оваа сезона. Фудбалскиот сојуз на Англија исто така го раскина договорот со истата телевизија и за правата на ФА Купот.

Се вчитува...