Премиерлига 2023/24: Сити одбраната на трофејот ја започува против Барнли, дерби на „Стемфорд Бриџ“

Сезоната 2023/24 во Премиерлигата ќе започне на 11. август со натпреварот помеѓу Барнли и актуелниот шампион Манчестер Сити, а ќе продолжи со шест натпревари на 12. август и два натпревари на 13. август пред првото коло да биде комплетирано на 14. август.

Истото воедно ни носи и суперинтерсно дерби на „Стемфорд Бриџ“ помеѓу Ливерпул и Челси, дека во останатите натпревари силите ќе си ги одмерат:

Арсенал и Нотинген Форест, Борнмут и Вест Хем, Брајтон и Лутон, Евертон и Фулам, Шефилд Јунајтед и Кристал Палас, Њукасл Јунајтед и Астон Вила, Брентфорд и Тотенхем, како и Манчестер Јунајтед и Вулверхемптон.

Се вчитува...