ПРЕМИЕРЛИГА: Ливерпул само до бод со Астон Вила и далеку од ЛШ (ВИДЕО)

Ливерпул на домашен терен одигра само нерешено со Астон Вила, и така се оддалечи од местото во Лигата на шампионите следната сезона. Тимот од „Енфилд“ со тоа ја прекина серијата на победи, и тоа во многу незгоден момент. Борбата за ЛШ стана комплицирана за „црвените“, особено после победата на Манчестер Јунајтед над Борнмут.

Голот на Каземиро во 9. минута донесе победа на Манчестер Јунајтед, и така го однесе својот тим блиску до Лигата на шампионите.

Астон Вила со голот на Рамзи во 27. минута поведе на Енфилд. Претходно Воткинс промаши пенал, но Ливерпул го спаси Фирмино во 90. минута и така остави само мала надеж дека тимот може да дојде до позиција која носи во ЛШ.

Евертон и натаму ќе стравува за својот опстанок, откако одигра 1:1 со Вулверхемптон. Хи-Чан донесе предност за домашните, додека за Евертон во десетата минута од судиското надополнување озрамни преку Мина.

Фулам и Кристал Палас, тимови кои веќе се опстанати, одиграа 2-2. Два гола за Фулам постигна Митровиќ, додека за Палас стрелаа Едуард и Ворд.

Се вчитува...