Премиерлигашите едногласни – Сите сакаме сезоната да заврши

Англиските премиерлигаши се согласни околу тоа дека сезоната мора да биде завршена, е одлуката од денешниот состанок. Се уште не се знае кога сезоната ќе продолжи, но сигурно е дека преостанатите натпревари ќе бидат одиграни пред празни трибини.

Во Англија е воведена вонредна состојба која ќе трае до 7. мај што значи дека пред овој датум фудбалот сигурно не се враќа. Лидер на табелата во Англија е Ливерпул кој има голема предност пред второпласираниот Манчестер Сити и е на чекор до освојување на трофејот по пауза од 30 години.

Се вчитува...