Премиерлигашите можат да играат пријателски мечеви, ама да дојдат облечени со дресови од дома

Клубовите од Премиер – лигата добија дозвола да играат пријателски натпревари. Ова е последниот чекор од протоколот кон рестарт на натпреварувањето. Сепак, мерките за заштита уште се на сила. Фудбалерите ќе мора да допатуваат со сопствени автомобили до местото на одигрување на мечот, превоз во тимскиот автобус се уште е забранет. Исто така, фудбалерите ќе треба да дојдат облечени со спортска опрема, што значи дека не се дозволува користење на соблекувалните.

Посебна тема се и судиите кои допрва треба да бидат тестирани на Covid-19. На пријателските натпревари засега ќе судат помошните тренери на екипите кои што ќе го играат мечот.

Рестартот на Премиер – лигата е планиран за 17 јуни.

Се вчитува...