Премиерлигашите нема да се спасат од враќање пари за ТВ права дури и ако ја играат сезоната

Клубовите од Премиер-лига биле информирани дека би можело да треба да вратат околу 340 милиони фунти на домашните и интернационалните носители на ТВ правата дури и ако сезоната продолжи пред празни стадиони. Овој проблем бил дискутиран вчера на видео-состанокот за „Проект Рестарт“.

Во Премиер-лигата клубовите заработуваат енормни суми од ТВ правата, но прболемот во оваа ситуација, дури и ако се играат средбите ќе биде фактот што тие ќе бидат во сосема поинакви термини од првично предвидените. Поради ова медиумите кои ги поседуваат правата би барале компeнзација. Премиер-лигата веќе информираше дека ако сезоната не биде комплeтирани загубата ќе биде нешто помалку од една милијарда фунти.

Засега и натаму нема одлука околу евентуален датум за продолжување на сезоната во Премиер-лигата. Единствени конкретни заклучоци од состанокот се дека ќе биде направено се за се избегне играње на неутрален терен и оти договорите на играчите би продолжиле да важат и по 30. јуни.

 

Се вчитува...