Премиерлигашка трка за Хусем Ауар

Четири англиски премиерлигаши водат битка за фудбалерот за врска на Лион, Хусем Ауар. Манчестер Сити, Арсенал, Челси и Ливерпул би сакале да го имаат креаторот на играта на Лион во тимот за следната сезона. Неговата вредност изнесува околу 50 милиони евра, а менаџерот на Челси, Франк Лампард, прв тргна во акција за негов ангажман.

Сепак, Арсенал исто така е силно заинтересиран за неговите услуги, а игрите на Хусем Ауар детално ги скенирале и Пеп Гвардиола и Јирген Клоп. Тој има договор со Лион до 2023 година, но францускиот клуб сигурно ќе ја разгледа сериозно секоја понуда од Премиер – лигата.

Се вчитува...