Премиерлигашките фудбалери одговорија: Специјален фонд за помош на болниците (ФОТО)

Фудбалерите од Премиер-лигата ја лансираа инцијативата #играчитезаедно преку која всушност во специјален фонд ќе донираат пари за помош на Националниот здравствен систем на Велика Британија кој перидов води исцрпувачка битка со епидемијата на коронавирусот кој силно ја погоди државата.

Инцијативата е резултат на преговрите меѓу капитените на сите клубови кои постигнаа согласност за реализација на оваа идеја преку националната фондација на добротворни организации. Веста за постигнатиот договор ја објавија истовремено капитенот на англиската репрезентација и на Тотенхем, Хари Кејн, капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон и капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер.

Фудбалерите од Премиер-лигата беа по голем притисок бидејќи беа обвинети дека не прифаќаат намалување на платите и со тоа одбиваат да помогнат во кризната ситуација. Играчите постојано велеа дека треба да бидат оставени сами да најдат начин за помагање и оти воопшто не е фер да бидат „жртвени јагниња“ во тешката ситуација.

 

 

 

„Сите играчи, од исте клубови се едногласни во оваа иницијатива. Нема никакви разлики. Се надеваме дека ќе успееме да направиме разлика“ – велта играчите.

 

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...