Премиерлигашките фудбалери прифатија да играат без публика

Фудбалерите од Премиер-лигата прифатија дека натпревари зад затворени врати веројатно ќе биде единствнеиот начин да се заврши англискиот шампионат соопштува Асоцијацијата на професионални фудбалери (ПФА). Формално сезоната во Англија е суспендирана до 30 април, но Фудбалската асоцијација, Премиер-лигата и Асоцијацијата на фудбалери се усогласија дека одложувањето ќе биде на неодредено време.

Со оглед на се построгите ресктриктивни правила кои се воведени во Велика Бртитанија која целата е практично во карантин, играчите сфаќаат дека мора работите да се согледаат реално за да може сезоната 2019/20 да биде комплетирана, велат од Асоцијацијата на фудбалери.

„Фудбалот е за навивачите, но реалноста е дека најголемит дел од платите на играчите особено на оние од највисоко ниво доаѓа од телевизиските права и затоа има договори кои треба да ги испочитуваме. Едниствениот начин да ги заштитме платите на играчите е да ја прифатиме понудата да се одигра  сезоната без присуство на навивачи. Ќе мора така да биде“ – велат од ПФА.

Првичните проценки за продолжувањето на Премиер-лигата беа многу енизијастички, но сепак со драстичното зголемување на бројот на заболени од коронавирусот ов Велика Британија, шасите за релативно нормално комплетирање на сезоната се сведени на минимум.

Се вчитува...