Премиерлигата ги менува правилата, Јунајтед останува без Мбапе?

Клубовите во англиската Премиерлигата сериозно разгледуваат промена на правило, после кое Манчестер Јунајтед би можел да остане без услугите на Килијан Мбапе. Откако Французинот потврди дека уште само една година ќе мине во ПСЖ, а тимот му постави ултиматум нов договор или трансфер, тргнаа шпекулации околу неговата иднина. Еден од клубовите кои би можел да го доведе е токму Јунајтед.

Тимот од Олд Трафорд се истакнува како фаворит за неговиот потпис, откако клубот ќе го преземе Шеикот Јасим. Сепак, клубовите во Премиерлигата сериозно размислуваат за воведување на правило кое се однесува на ограничување на платите на своите фудбалери и на играчите кои ќе сакаат да ги донесат.

Тоа би можело да му нанесе најмногу штета токму на Јунајтед, кој за плати издвојува дури 384 милиони фунти годишно, а Мбапе воопшто нема да биде евтин кога станува збор за платата.

Француските медиуми известуваат дека ПСЖ веќе одредил цена од 150 милиони евра за услугите на Мбапе.

Се вчитува...